Цените на нафтата скокнаа денеска набргу откако Саудиска Арабија ги зголеми цените на продажбата на сурова нафта за во јуни, во сите региони, во споредба со цената утврдена за месец мај.
Цената на нафтата сè уште доживува големи нарушувања бидејќи намалувањето на производството на нафта што започна овој месец допрва треба да даде резултати за стабилизирање на пазарот.
Коментирајќи ја ситуацијата, заменик-министерот за енергија на Русија, Павел Сорокин неодамна тврдеше дека постојат јасни знаци за закрепнување на пазарот.
Нафтата од типот Брент испорачана за продажба во јуни е зголемена за 6,22% на 31,58 американски долари за барел, додека нафтата од типот Вест Тексас (WTI) за испорака во јуни истовремено се зголеми за 8,88% за да се продава за 26,11 долари за барел.