Свет 08. април 2020. / 20:51

Расте бројот на жртви во Њујорк: 779 лица починаа за 24 часа

Расте бројот на жртви во Њујорк: 779 лица починаа за 24 часа

Бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во државата Њујорк се зголеми за 779 во последните 24 часа, изјави гувернерот Ендру Куомо.

Сепак, Куомо истакна дека мерките за социјално дистанцирање дејствуваат за контрола на пандемијата на коронавирусот, но тоа дека не треба да се однесуваат „како се да поминало“.

Не почнувајте со ретроспектива како да е готово. Не е готово! Сè уште не е готово!, рече Куомо во обраќањето пред жителите на Њујорк, кои ги повика да останат дома колку што е можно повеќе.

Бројот на смртни случаи во Њујорк се зголеми на 5.489.