Најмалку 90 лица загинале рано утрово во Сомалија во експлозија на автомобил бомба, пренесе „Спутник“.
Најголем број од настраданите се цивили.
Постои можност бројката на загинати да расте бидејќи се ранети преку 60 луѓе. Тие се наоѓаат во болница.
Меѓу повредените има деца и студенти.
Се уште никој не презема одговорност за нападот. Меѓутоа, во тој крај вакви напади се карактеристични за Ал Шабаб, организација поврзана со Ал Каида.