Свет 04. април 2020. / 23:45

Расте бројот на заразени морнари на американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“

Расте бројот на заразени морнари на американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“

Бројот на американски морнари на носачот на авиони „Теодор Рузвелт“, кои се позитивни на корона вирусот за 24 часа се зголемил за 13, со што сега има 155 заразени, соопштија од американската морнарица.

Досега се тестирани околу 44 проценти од речиси 5.000 членови на екипажот, а 1.548 морнари се симнале од бродот чиј капетан Брет Крозие неодамна предупреди на корона вирусот поради што беше сменет.

Од морнарицата соопштија дека ниту еден од заразените морнари не е хоспитализиран.

Капетанот Брет Крозие беше разрешен откако во јавност излезе неговото писмо до претпоставените во кое побара од морнарицата да преземе поинтензивни активности за сузбивање на ширењето на вирусот на бродот кој носи нуклеарно оружје.