Свет 30. август 2020. / 12:27

Расте бројот на загинати во урнатиот ресторан во Кина

Расте бројот на загинати во урнатиот ресторан во Кина
фото: EPA-EFE/JIN JI CHINA OUT
Најмалку 17 лица загинаа и 28 се повредени при уривање на ресторан во Кина.  Најмалку седуммина од повредените се во критична состојба.
 
Несреќата се случила кога двокатниот ресторан се урнал за време на собир што бил организиран утрово во него, потврдија официјални претставници.
 
Несреќата се случила во областа Чангфен во провинцијата Шанкси, околу 630 километри југозападно од Пекинг.
 
Причината за инцидентот сè уште не е позната.