Свет 13. ноември 2018. / 10:20

Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија, беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки животи, а пожарникарите се немоќни.
Локалните власти соопштија дека очекуваат бројот на жртви и натаму да расте.

Официјалните лица во моментов не го знаат точниот број исчезнати лица, но на терен како што соопштија ќе бидат испратени два спасувачки тимови.
Поради силниот ветер, пожарот во северниот дел кој избувна во четвртокот стана најразорниот пожар во историјата на Калифорнија, со повеќе од 6.700 уништени куќи, вклучително и една болница во градот Парадајс, град во кој живеат околу 27.000 жители.

Без куќи останаа и голем број познати холивудски актери и пејачи.

Официјалните лица во моментов ја одредуваат причината за пожарот што ја погоди Калифорнија.