Поранешната застапничка на американската сојузна држава Мичиген, Рашиба Тјелб, се натпреварува за место во Конгресот откако победи нејзината Демократска партија, а со самото влегување во Когресот таа станува првата муслиманка која е избрана за тоа тело на власта во САД.
Таа ќе го наследи Џон Конер, кој беше на таа позиција од 1965 година и се пензионираше во декември минатата година, повикувајќи се на здравствени причини откако беше обвинет за сексуално вознемирување, пишува „Индипендент”.
Michigan lawmaker Rashida Tlaib is almost certain to become the first Muslim woman to be elected to the US Congress after winning the Democratic primary pic.twitter.com/BYnFECmH04
— TRT World Now (@TRTWorldNow) August 8, 2018
Таа освои 33,6 отсто од гласовите и официјално ќе го наследи на 6 ноември.
Расиба Тјелб е ќерка на палестински имигранти, која е родена во Детроит во 1976 година. Таа заврши политички науки на Универзитетот „Вејн Стејт“, по што дипломирала и право во 2004 година.
По прогласувањето на нејзината победа, таа им кажа на медиумите дека е „преплавена од емоции”.