Пандемиојата преизвикува годинава и двете свети места на исламот во Саудиска Арабија, Пророчката џамија во Медина и Големата џамија на Мека, да останат затворени за време на Рамазан, како резултат на мерките за претпазливост во борбата против Ковид-19.
Според препораките на надлежните органи, присуството на верници во двете свети џамии на петте дневни молитви и на Таравих, молитвата што се изведува само во текот на месецот Рамазан, е суспендирано со цел да се заштити здравјето на луѓето – соопшти директоратот за двете џамии во Саудиска Арабија.
На 17 април, големиот муфтија на земјата, Абдул Азиз ал-Шеик, порача дека молитвите за Рамазан може да се изведуваат само дома поради појавата на Ковид-19.
Во март, саудиските верски власти забранија молитви во џамиите, вклучувајќи ја и неделната петочна молитва, по ограничувањата наложени од владата.