Свет 16. февруари 2020. / 10:44

Ракетирана американската армија во Багдад

Ракетирана американската армија во Багдад

Рано утрово четири „мали ракети“ го погодија седиштето на воената коалиција предводена од САД во Багдад, но немаше жртви, изјави портпаролот на коалицијата.

Ирачката војска соопшти дека три ракети „качуша“ ја погодиле Зелената зона, во која се сместени Амбасадата на САД, други странски мисии и зградите на ирачката влада.

Во соопштението се наведува дека четвртата ја погодила блиската логистичка база на ирачките безбедносни сили.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавид Зариф, вчера на меѓународната конференција за безбедност во Минхен, рече дека не ја исклучува можноста осветата кон САД да ја направат жителите на Ирак.