Свет 05. март 2020. / 23:04

Ракети паднале во близина на американската амбасада во Багдад

Ракети паднале во близина на американската амбасада во Багдад

Две ракети паднале во Зелената зона во Багдад, поради што се активирале сирени за тревога во американската амбасада во ирачкиот главен град, објавија западните медиуми.

Очевидци тврдат дека виделе чад и слушнале експлозии.

Овој строго обезбедуван дел од градот често е мета на ракетни напади во последните неколку месеци, но ретко има жртви.