Свет 21. април 2020. / 12:07

Ракетен напад на израелски авиони во близина на Палмира во Сирија

Ракетен напад на израелски авиони во близина на Палмира во Сирија

Сириските противвоздушни сили собориле неколку ракети истрелани од израелски авиони во близина на древниот град Палмира.

Сириската државна телевизија јави за нападот, но не наведе повеќе детали.

Сириската Опсерваторија за човекови права, соопшти дека мета на израелските авиони биле ирански борци и борци поддржани од Иран во пустината што се наоѓа во близина на Палмира.

Според опсерваторијата, чие седиште е во Лондон, израелските авиони надлетувале и над соседен Либан.

Иран го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад и испрати повеќе илјадници луѓе кои се борат заедно со сириские војници во судирите во Сирија што траат веќе девет година.