Свет 06. октомври 2020. / 12:15

Работел во рудник, па стана најбогат Русин

Работел во рудник, па стана најбогат Русин

Претседателот на Управниот одбор и мнозински сопственик на групацијата Новолипетск (НЛМК), Владимир Лисин, го зазеде првото место на списокот на најбогати Руси. Списокот го објави списанието Форбс.

Според магазинот, богатството на Лисин  се проценува на 22,7 милијарди долари

Групацијата НЛМК е најголемиот производител на челик во Русија. Производствените капацитети на НЛМК се наоѓаат во Русија, Европа и САД. Капацитетот на компанијата за производство на течен челик надминува 17 милиони тони годишно.

Главниот акционер на НЛМК, Владимир Лисин, контролира 81,4 проценти од акциите на компанијата, додека 18,6 проценти од акциите се во слободна трговија.

Владимир Сергеевич Лисин е роден на 7 мај 1956 година. Првата работа ја добил во 1975 година работејќи како механичар во рудник за јаглен.

Откако студирал на Сибирскиот металуршки институт, се вработил како супервизор на заварувачи во железарницата Тулачермет, пренесува Бизнисинфо.

Со текот на времето, тој постепено напредуваше и стана директор на одделот, шеф на трговија во 1979 година и заменик-главен инженер во 1986 година.

Во 1992 година, тој се приклучи на група трговци (Trans-World Group) кои ја презедоа контролата врз руска компанија за челик и алуминиум.

Кога партнерите се разделија во 2000 година, тој доби 13 проценти од компанијата и подоцна се здоби со контролен удел.

Неговиот поранешен шеф беше назначен за министер за руска металургија, па во 2000 година, Лисин стана единствен сопственик на компанијата „Новолипетск стил“.

Тој е оженет и има три деца.