Велика Британија нема да го одложи Брегзит, но „бројките“ во парламентот спречуваат Велика Британија да ја напушти ЕУ, затоа што тие создаваат чувство во Брисел дека заминувањето може да биде одложено или откажано, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб.
Нема да има ново продолжување (на крајниот рок за Брегзит), изјави тој во интервју за Скај Њуз. Според Рааб, Лондон во моментов го запознава Брисел со алтернативите на механизам за заштита на ирската граница (бекстоп).
Она што нè повлекува назад – рачната сопирачка што го спречува Брегзит и го спречува нашето движење напред – е постоечкото чувство во Брисел дека можеби бројките во парламентот ќе доведат до одложување или откажување на Брегзит, рече Рааб.
Расплетот околу Брегзит се очекува во текот на оваа недела, кога опозициските пратеници ќе побараат промена на законите од сите партии во нивниот обид да блокираат Брегзит без договор, за кој дел се верува дека економски би наштетил на Велика Британија.
Лидерот на опозициските лабуристи Корбин изрази подготвеност да направи сè за да спречи Брегзит без договор, опишувајќи го последниот обид како повлекување на земјата од работ на бездната.
Џонсн, кој во јули дојде на премирркста функција, наследувајќи ја Тереза Меј, вети дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ на 31 октомври – со или без договор со кој би се уредиле идните односи меѓу Унијата и официјален Лондон.
Џонсон има само еден глас мнозинство во Парламентот со 650 пратеници, па неговите закани за исклучување на парламентарци од партијата, како на пример поранешниот министер за финансии Филип Хамонд, може да доведе до предвремени избори.