Во годишната „Директна линија“ на прашањето дали ќе има „трета светска војна“ Путин одговори дека „трета светска војна би значела крај на цивилизацијата“.
„Свесноста дека евентуалната трета светска војна би значела крај на цивилизацијата треба да нè одврати од преземање екстремни чекори на меѓународната арена, кои се многу штетни за модерната цивилизација“, рече Путин.
Како што објасни, стравот од заемна деструкција, како и стратегиското парирање, ги натерале светските сили од крајот на Втората светска војна да се почитуваат една со друга. Затоа Путин ги повика светските сили да се повлечат од глобалните судири и рече дека би требало сите да седнат на преговарачка маса и заедно да најдат решение што ќе ја гарантира европската безбедност.
„Не знам со што ќе се води третата светска војна, но четвртата ќе се води со стапови и камења“ рече Путин, цитирајќи го научникот Алберт Ајнштајн, и додаде:
„Американското повлекување од антиракетниот договор е обид да се скрши стратегискиот паритет, но ние имаме одговор на тоа: нашите модерни оружени системи, кои се веќе распоредени – тие ќе го одржат тој паритет“, рече Путин.