Свет

Путин се сретна со советник на иранскиот духовен лидер ајатолахот Али Хаменеи

Путин се сретна со советник на иранскиот духовен лидер ајатолахот Али Хаменеи

Рурскиот претседател Владимир Путин денеска го прими Али Акбар Велајати, советник за меѓународни односи на иранскиот духовен лидер ајатолахот Али Хаменеи.

На средбата присуствувал и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Путин вчера се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој ги опиша разговорите како многу важни. Тој по средбата изјави дека на Путин му кажал оти еврејската држава е против секакво присуство на Иран во Сирија.