Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека Баку и Јереван постигнаа договор за завршување на конфликтот во Нагорно-Карабах и дека руски мировни сили ќе бидат распоредени по целиот фронт.
Овој договор ќе создаде услови за постигнување на долгорочно решение за кризата кое би било во интерес на двата народи, изјави Путин, потврдувајќи ги шпекулациите за примирјето кои премиерот на Ерменија Никол Пашинјан ги опишал како „болни, но неопходни“.
Путин изјави дека Русија ќе распореди преку 2000 мировници по целата линија на фронтот и коридорот кој ги поврзува Ерменија и регионот Нагорно-Карабах.
Ерменските сили ќе се повлечат од фронтот, а на нивно место ќе дојдат руските мировници кои ќе останат на позициите 5 години, се вели во нацрт-договорот. Предвидено е и пет годишно продолжување на мандатот на мировните сили, освен доколку една од страните не се спротистави на таа одлука шест месеци пред завршување на истиот.