Свет 07. јуни 2018. / 18:47

Путин: Русија не планира да се повлече од Сирија

Путин: Русија не планира да се повлече од Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави  дека Русија засега не планира да се повлече од Сирија, и додаде дека руските војници ќе останат таму толку долго колку што е во интерес на неговата земја.

– Се уште не планираме повлекување на тамошните воени сили, изјави Путин во телевизиската емисија „Директна линија”, во која одговараше во живо на прашања на граѓани.

– Сириската операција претставува уникатно воено искуство за руските вооружени сили, истакна претседателот. Тој истакна дека користењето на вооружените сили во борбени услови е уникатно искуство и уникатно средство за усовршување, и никакви воени вежби не можат да се споредат со тоа.