Свет 20. ноември 2020. / 19:16

Путин: Русија ќе ги извезува вакцините кон своите партнери и пријатели

Путин: Русија ќе ги извезува вакцините кон своите партнери и пријатели

Русија планира да ги извезува своите вакцини против коронавирус, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на видео-самитот на Азиско-пацифичкото економско партнерство (АПЕК).

-Се разбира, главниот приоритет е здружувањето на напорите во борбата против коронавирусот, а Русија има што да им понуди на своите партнери и пријатели, рече Путин, пренесе Тасс.

Путин посочи дека Русија во оваа сфера има стекнато сериозно научно, па дури и клиничко искуство.

Во Русија се развиени и регистрирани две вакцини – „Спутник V“ и „ЕпивакКорона“. Третата вакцина се наоѓа во завршна фаза од тестирањето, потсети Путин.