Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека Исламската држава е поразена во Сирија, но и понатаму поседува деструктивен потенцијал и може да напаѓа во земјите ширум светот, пренесува Ројтерс.
– Јасно е дека, и покрај воената ситуација, оваа терористичка група задржа значителен деструктивен потенцијал и способност брзо да менува тактика и да напаѓа земји и региони ширум светот, изјавил Путин.