Свет 02. декември 2020. / 15:47

Путин наредил масовно вакцинирање против коронавирус во Русија

Путин наредил масовно вакцинирање против коронавирус во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин наредил масовно вакцинирање против коронавирусот во Русија, јавува РТ, пренесува хрватски Индекс.

Вакцинирањето ќе почне од следната недела.

Русите пред една недела најавија вакцинирање на повеќе од 400.000 војници и останат воен персонал, изјавил во петокот министерот за одбрана Сергеј, Шојгу.

Тој потсети дека до сега против ковид-19 се вакцинирани 2.500 припадници на воружените сили, а до крајот на годината би требало тој број да се зголеми на 80.000.