На Русија, со нејзината огомна територија, со многу нации, народи и народности, дури не е јасно дали се 160 или 190, и треба силна претседателска власт, изјави во Липецк рускиот претседател Владимир Путин.
Рускиот претседател одговараше на прашање дали постои можност за преминување на државата од претседателска кон парламентарна република. Притоа, тој рече:
-Таква форма на државно уредување е распостранета во светот. И во многу држави, особено во Европа, таа се користи ефикасно, иако има и претседателски републики-Германија, на пример, е парламентарна, а Франција-претседателска. Така е и во светот. Индија, една од најголемите држави во светот, е парламентарна,а САД-претседателска. Дали е можно тоа да се примени и кај нас? Теоретски е можно. Дали е целисходно? Јас ви велам дека не е. За да функционира ефикасно таков систем во Русија, политичката структура требало одамна да расте. Во Европа некои партии постојат со векови. А кај нас, по правило, партијата е поврзана со конкретна личност. Најдобар пример во нашата држава е Владимир Жириновски. Постои Жириновски, постои ЛДПР (Либерално-демократска партија на Русија). Може ли партија кај нас да функционира без таков човек-не може. Но, за нас е подобро и да не експеремнтираме, рече Путин.
Тој направи споредба со Европа, каде, според него, парламентарната форма на управување преживува доживува криза, па оделни држави и по половина година не можат да состават влада.
-Претставете си Русија да остане половина година без влада, тоа ќе биде катастрофа. Верувајте ми, невозможно е, зашто за државата ќе има колосални штети. Таму (во Европа) за да формираат влада по секоја цена, се договараат за коалиции, и тоа такви партии, што имаат целосно различни цели и инструменти за постигнување на тие цели. Како такви коалиции ќе решаваат национално важни задачи? Можат да се дадат и многу други примери. Во пракса, самите западни експерти- и јас читам понекогаш-велат дека парламентаризмот, во извесна мера, преживува криза. И размислуваат како да го оживеат, како да му дадат нов квалитет, па тој систем да стане поефикасен. Но, јас сметам дека на Русија, со нејзината огромна територија, со многу нации, народи и народности-дури не е јасно дали се 160 или 190-и треба силна претседателска власт, изјави Путин.