Свет 16. април 2018. / 10:44

Путин: Ќе настане хаос ако продолжат нападите кон Сирија

Путин: Ќе настане хаос ако продолжат нападите кон Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата предупреди дека ако продолжат нападите кон Сирија од Западот, ќе настане хаос во односите во светот, како што Вашингтон се подготви да го зголеми притисокот кон Русија со нови економски санкции, пренесе Ројтерс.

Во телефонски разговор со неговиот Ирански колега, Хасан Рухани, претседателите се договорија дека нападите од Западот ги уништија шансите за постигнување на политичко решение на седумгодишниот конфликт во Сирија, стои во соопштението на Кремаљ.

-Владимир Путин, особено, истакна дека во ако таквите дејства извршени со кршење на Повелбата на ОН, продолжат, тогаш тоа неизбежно ќе доведе до хаос во меѓународните односи- стои во соопштението.