Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди американските санкции против Русија , а во исто време ја пофали средбата со американскиот претседател Доналд Трамп.
Путин изјави дека средбата со Трамп во Хелсинки била корисна , иако санкциите на Вашингтон ги нарече контрапродуктивни. Путин по средбата со финскиот претседател Саули Нинисто смета дека САД ќе сфатат дека направиле грешка со воведувањето санкции кон Русија.
,, Што се однесува до санкциите , тие се контрапродуктивни и бесмислени , особено против земја каква што е Русија.” , изјави Путин на вчерашната прес конференција во црномосрскот летувалиште Сочи.
Денеска вредноста на рубљата падна на најниско ниво во последните две години , пред опасноста од новите санкции кон Русија што ги најави САД.
И покрај санкциите Путин го пофали Трамп и м инатомесечната средба со него ја нарече корисна со надеж за продолжување на меѓусебните директни разговори.