Свет 26. ноември 2019. / 09:46

Путин и Зеленски во директен телефонски разговор пред нивната прва средба

Путин и Зеленски во директен телефонски разговор пред нивната прва средба

Претседателоите на Русија, Владимир Путин и на Украина, Володимир Зеленски, имале телефонски разговор во пресрет на нивната прва средба што треба да се одржи следниот месец.

Во соопштенијата на Кремљ и на украинскиот претседател се наведува дека главна тема на разговорот биле преговорите меѓу Русија, Украина и ЕУ за транзитот на руски гас кон европските потрошувачи преку Украина.

Во соопштението испратено од Киев, се наведува и дека Зеленски инсистирал Русија да ги врати документите од трите украински брода кои руската војска ги заплени во 2018 година, а минатата недела им беа вратени на Украина.