Свет 17. септември 2018. / 22:10

Путин и Ердоган најавија формирање демилитаризирана зона во и околу сирискиот град Идлиб

Путин и Ердоган најавија формирање демилитаризирана зона во и околу сирискиот град Идлиб

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Пути и Реџеп Таип Ердоган, се договорија за формирање демилитаризирана зона во сириската провинција Идлиб.

Путин денес едвај постигна договор со турскиот колега Ердоган за воспоставување „разделувачка зона“ во Идлиб, која би била под руско-турска контрола и кој би спречила офанзива во Идлиб, последното бунтовничко упориште во Сирија која е цел на режимските сили.

Откако сириската влада, поддржана од Турција, најави дека ќе го ослободи регионот на северозападот на Сирија, Турција, која ги помага бунтовниците, постојано предупредува на можна хуманитарна катастрофа во случај на голема офанзива какви што беа спроведени во други делови од земјата.

Десе дена по неуспехот на самитот со иранскиот претседател Хасан Рохани во Техеран, каде разликите избија на површина, двајцата претседатели, чии земји се главни актери во сирискиот конфликт, разговараа повеќе од четири часа зад затворени врати во Сочи, туристичкиот центар на Црното Море.

„Решивме на 15 октомври вдолж контактната линија да поставиме демилитаризирана зона широка 15-20 километри“, кажа рускиот претседател по средбата.

Додаде дека областа ќе ја контролираат турски војници и руска воена полиција, а цело тешко оружје мора да се повлече до 10 октомври.

Одговарајќи на прашањето дали тоа значи дека нема да има офанзива во Идлиб, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кратко одговори „да“ по потпишувањето на договорот.

Според рускиот претседател, договорот е „сериозно решени“ кое овозможува „придвижување кон решавање на проблемот“.

„Сигурен сум дека со овој договор ќе спречиме голема хуманитарна криза во Идлиб“, кажа Ердоган на прес-конференција по состанокот. „Русија ќе направи сѐ што е потребно за да спречи каков било напад во зоната на деескалација во Идлиб“.

Иако Турција ги поддржува бунтовниците, 60 отсто од покраината Идлиб е под контрола на џихадистичката група Хајат Тахрир ал Шам, во чиј состав е гранката на Ал каеда која и Анкара ја смета за „терористичка“ група.

Турција и Русија по техеранскиот самит интензивно преговараа за да се постигне договор, при што Анкара сака да се неутрализираат исламистите без почнување сеопфатна офанзива.