Свет 16. октомври 2019. / 12:38

Путин и Ердоган договорија состанок за ситуацијата во Сирија

Путин и Ердоган договорија состанок за ситуацијата во Сирија

Рускиот претседател, Владимир Путин и неговиот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, во телефонско разговор го поддржале процесот на политичко решавање на ситуацијата во Сирија, соопштија од Кремљ, наведувајќи дека разговорот бил одржан на иницијатива на Анкара.

– Претседателите на Русија и Турција се изјаснија за продолжување на потрагата за политичко решение за Сирија и ја потврдија приврзаноста кон обезбедување на територијалниот интегритет на таа земја – се наведува во соопштнието.

Во тоа соопштение се наведува и дека Рупин го повикал Ердоган во наредните неклку денови да ја посети Русија, при што турскиот лидер го прифатил предлогот.

Турција, на 9. октомври, на свереот од Сирија ја почна операцијата Извор на мирот“ со цел, како што наведува Анкара, да создаде тампон зона долж турско-сириската граница каде што би се вратиле сириските бегалци, како и да ги оддалечи од својата територија сириските Курди, коишто ги смета за терористи.

Сирија ја оцени турската акција како чин на агресија, а тој потег на Накара наиде на осуда од речиси целата меѓународна заедница.