Свет 17. декември 2020. / 14:11

Путин ги отфрли обвинувањата за труењето на Навални

Путин ги отфрли обвинувањата за труењето на Навални

На денешното обраќање на годишната прес-конференција, Владимир Путин негираше дека Русија стои зад труењето на лидерот на опозицијата Алексеј Навални, нарекувајќи ја целата истрага на Белингат „фалсификат“.

-Кој има потреба да го отруе? Ако тие навистина сакаа да го отрујат, работата најверојатно ќе беше завршена , рече тој за време на прес-конференцијата, негирајќи дека руската шпионска агенција ФСБ е вмешана .

Тој истакна дека иако Навални ужива поддршка од американските служби, тоа не значи дека треба да биде отруен.

– Веднаш наредив да биде ослободен за лекување во Германија по обраќањето на неговата сопруга, рече шефот на руската држава.

Написите за „труење на Навални, според Путин, не се истрага, туку материјали од специјалните служби на САД за атак на него.