Свет 05. март 2020. / 18:48

Путин до Ердоган: Сиријците не знаеја дека се борат со турски војници во Идлиб

Путин до Ердоган: Сиријците не знаеја дека се борат со турски војници во Идлиб

Рускиот претседател Владимир Путин, на состанокот со својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека мора да се најде решение за состојбата во северната сириска провинција Идлиб, за да не се нарушат веќе затегнатите руско-турски односи.

За се околу моменталната ситуација во Идлиб треба да разговараме заедно, за да не се повтори слична трагедија. На тој начин руско-турските односи, околу кои сме многу внимателни, нема да бидат уништени – изјави Путин.

Рускиот претседател, исто така посочи дека е неопходна директна лична комуникација за состојбата во сириската провинција да не се влоши.

Секогаш имаме нешто да кажеме, но ситуацијата во Идлиб стана премногу акутна и бара директни разговори – изјави Путин,

Истовремено, Путин му изрази сочувство на Ердоган за загинатите турски војници, истакнувајќи дека сириската армија не знаела дека се бори против турски војници во Идлиб.

За жал, како што информирав и во телефонскиот разговор, никој, вклучувајќи ги и сириската војска не ги знаеше позициите на турските војници – изјави Путин, притоа потенцирајќи дека и сириските сили имале сериозни загуби.