Рускиот претседател Владимир Путин, изјавил дека константно размислува за тоа кој ќе го наследи кога ќе му заврши мандатот.
Владимир Путин, изјавил дека константно размислува за тоа кој ќе го наследи кога ќе му заврши мандатот.
Зборувајќи за можниот наследник, во традиционалната годишна програма “Директна линија со рускиот претседател Владимир Путин”, тој рекол дека “цело време размислува за тоа”, но нагласил дека рускиот народ ќе треба да избере нов претседател.
Путин додал дека размислува за создавање на “нова генерација на млади менаџери”, кои ќе бидат во позиција да “го преземат кормилото на Русија”.
Владимир Путин, кој владее со Русија од 2000. година, по четврти пат е избран за претседател во март, но нема да може повторно да се кандидира за таа функција на изборите во 2024. година.