Холандската полиција соопшти дека едно лице се обидело да изврши вооружен напад на централната банка на Холандија во Амстердам .
Во нападот е повреден еден минувач , додека полицијата успеала да го убие напаѓачот. Тој бил убиен кога им приоѓал на полицајците со закана дека ќе пука во нив од пиштол.
Полицијата го блокираше тој дел од градот. Детали за мотивот и за идентитетот на напаѓачот , не се соопштуваат .