Свет 29. август 2018. / 19:17

Пукна брана евакуирани се над 50.000 луѓе!

Пукна брана евакуирани се над 50.000 луѓе!

Над 50.000 луѓе се евакуирани од своите домови во централниот дел на Мјанмар, откако поради пукање на брана водата го поплавила градот Свар и околните села. Во прекин е и главната сообраќајница, објавија официјални претставници.

Голем број луѓе, вклучувајќи и оние за кои нема закана од поплавите, одлучиле да ги напуштат своите домови поради стрaв од зголемување на нивото на водата. Според официјалните претставници 12 илјади домаќинства или вкупно 54 илјади луѓе се раселени.