Во трговски центар во американскиот град Џексонвил дојде до масовно пукање, пренесуваат светските медиуми. Според првичните информации најмалку четири лица загинаа, а десет се повредени.
Од канцеларијата на шерифот потврдено е дека имало пукање и предупредуваат никој да не се приближува таму.
„Масовно пукање во Jacksonville Landing. Бидете подалеку од таму. Ова подрачје во моментот не е безбедно“, напиша шерифот на Твитер.
Пукањето се случило во GLHF Game bar каде се одигрувал турнирот Madden 19. На видео-сминлата објавен на Youtube се слушаат неколку истрели од огнено оружје по што преносот одеднаш е прекинат.
Државните сили за безбедност ја набљудуваат ситуацијата во Џексонвил, а на местото на настанот се упатија и силите на ATF (The Bureau of Alcohol, Tobacco, Firearms and Explosives).