Свет 14. ноември 2019. / 20:15

Пукање во средно училиште во Калифорнија, еден загинат, повеќемина повредени

Пукање во средно училиште во Калифорнија, еден загинат, повеќемина повредени

Едно лице загина, а повеќемина се повредени, од кои двајца се во критична здравствена состоја, во пукање во средно училиште во Санта Кларита, Калифорнија. Напаѓачот бил облечен во црно и се верува дека е азиско потекло.

Според Си Ен Ен напаѓачот најверојатно бил ученик во тоа училиште. Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека напаѓачот е веќе уапсен и се наоѓа во болница. Полицијата, исто така, побара будност во соседните реони.

– Веруваме дека работел сам, засега нема други обвинети. Продолжуваме со истрагата и ги собираме сите достапни информации – изјави шерифот на Санта Кларита.

Бројот на ранетите засега е непознат и во новинските извештаи варира од пет до седум. Двајца од критично повредените се мажи, третата е девојка, која во меѓувреме подлегнала на повредите.

Веднаш по пукањето се јави сенаторката од Калифорнија Камала Харис, учесник во трката за номинација претседателски кандидат од демократите.

– Ова не треба да се случува, не треба да спроведуваме вежби по школите во случај на пукање. Бараме итна забрана за продажба на автоматско оружје и нов закон за оружје – изјави Харис.