Свет 12. ноември 2020. / 22:43

Пукање во Швајцарија, најверојатно двајца застрелани

Пукање во Швајцарија, најверојатно двајца застрелани

Полицијата од швајцарскиот град Биел во кантонот Берн објави дека вечерва отвориле оган за да запрат лице осомничено дека е поврзано со убиство.

Портпаролот на полицијата не даде други информации за повредени или мртви лица. Полицијата се уште е на местото на настанот, но пукањето е запрено.

Весникот Блик претходно цитирал сведок кој изјавил дека видел двајца мажи на земја по истрелите.