Свет 21. август 2018. / 17:14

Птици урнаа Грипен во Шведска

Птици урнаа Грипен во Шведска

Шведски борбен авион ЈАС 39 Грипен се урна во близина на воздухопловната база во јужна Шведска, по налет на птици, а пилотот се катапултирал и не е сериозно повреден, објави војската.

Хеликоптер пристигнал до пилотот и го пренел во болница на преглед, изјави Јохан Лундгрен портпарол на шведските вооружени сили.

Авионот се враќал во шведската воздухопловна база во Ронеби кога на него налетале птици.

Грипен, кој го произведува шведската компанија СААБ, е во состав на воздухопловните сили на Шведска, Унгарија, Чешка, Јужна Африка и Тајланд, а Бразил чека испорака.