Свет 28. мај 2020. / 11:35

Психијатриска болница во Велс по грешка отпуштила речиси 1.700 пациенти

Психијатриска болница во Велс по грешка отпуштила речиси 1.700 пациенти

Психијатриската болница во Велс, за време на епидемијата на корона вирусот, по грешка отпуштила 1.694 пациенти, коишто не биле за отпуст.

Сега болниците прават се што можат за пуштените ментално заболени пациенти да се вратат на клиниката, додека властите се извинуваат на граѓаните.

Додатен проблем настанал кога испаднало дека не се знае точниот број на отпуштени пациенти.

На крајот дојдовме до цифра од 1.694 прерано пуштени пациенти од институцијата и тоа пациенти на кои и понатаму им е неопходна помош, соопштиле здравствените власти.