Свет 05. ноември 2020. / 22:51

Првпат во историјата на САД – трансродов сенатор

Првпат во историјата на САД – трансродов сенатор

Демократката Сара Мек Брајд е првата трансродова сенаторка на сојузна држава во САД. Таа го освои сенаторското место во Делавер, сојузна држава која се наоѓа на Атлантикот.

Таа го победи Републиканецот Стив Вашингтон и стана првата трансродова сенаторка на сојузна држава, што досега се нема случено. Мек Брајд има 30 години и работи односи со јавност за групата на ЛГБТ уште откако Обама беше претседател на Белата Куќа.

Нашата демократија е доволно голема и за ЛГБТ луѓето – напиша сенаторката на Твитер по нејзината победа на изборите во САД.

Таа не е единствениот трансродов кандидат којшто ќе „испише историја“ за време на изборите. На овие избори имаше и други трансродови кандидати во државите Вермонт, Канзас, Оклахома и Њу Јорк каде имаше и афро-американци ЛГБТ кандидати.