Сириските власти денеска го отворија музејот во Дамаск кој беше затворен шест години поради војната во земјата.
„Изложените експонати потекнуваат од различни периоди, од праисторијата до исламскатa ера“, изјави генералниот директор на канцеларијата за антиквитети, Ахмад Даб, и додаде дека е отворено само едно крило на музејот и дека се надева наскоро да биде отворен целиот музеј.
Народниот музеј кој првпат е отворен во 1920 година се наоѓа во центарот на Дамаск, а беше затворен една година по почетокот на војната во 2011 година. „За среќа, објектот е поштеден од бомбардирањата, но беше цел на бунтовнички претрелки“, рече Даб.
Многу експонати од музејот се изнесени поради стравување да не бидат украдени.
Сирија има повеќе од 700 археолошки наоѓалишта, а многу од нив се уништени, оштетени или ограбени во војната. Најпознато оштетено наоѓалиште е Палмира, кое е на листата на светско културно наследство.