Првиот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев (79), е заразен со ковид-19 и е во изолација, е објавено на неговата официјална веб-страница.
Првиот претседател на Казахстан во моментот е во самоизолација. За жал, Елбази, лидерот на нацијата, е позитивен на коронавирусот. Нема причина за загриженост. Нурсултан Назарбаев продолжува да работи од изолација – се вели во соопштението.
Потврдени се вкупно 15.877 случаи на коронавирус во целата земја, закрепнале 9.902 пациенти, а 100 лица починале.