Венеција се соочува со големи поплави во изминатите неколку дена, при што проценетата штета се проценува на неколку стотици милиони евра, пренесува Танјуг.
Градоначалникот на Венеција Луиџи Бруњаро на својот Твитер профил напиша “ Венеција е на колена, и додаде дека ќе бара помош од Владата.
Цената ќе биде висока, ова е резултат на климатските промени, напипа градоначалникот
Моментално, нивото на водата на плоштадот Свети Марко изнесува 187 сантиметри, што е нешто пониско од рекордните 194 сантиметри во 1966 година
Поплавите однесоа и две жртви . Еден постар маж од 70 години загина од струјен удар во својата куќа кога се обидел да ја уклучи пумпата за вода, додека Дејли меил пренесува дека уште една жртва настрадала од поплавите