Свет 08. февруари 2021. / 18:32

Прв смртен случај на американски конгресмен од Ковид-19

Прв смртен случај на американски конгресмен од Ковид-19

Американскиот конгресмен од редовите на Републиканската партија Рон Рајт, во неделата починал како последица на компликации од коронавирусот, соопштија денеска од неговата канцеларија

Рајт, кој е конгресмен од сојузната држава Тексас, со ова стана и првиот член на Конгресот кој починал од вирусот.

Тој претходно неколкупати се има изборено со канцер, што го има ставено во категоријата на граѓани со висок ризик. Заедно со неговата сопруга, се лекувале од Ковид-19 во болница во Далас веќе две недели.