Свет 31. јули 2020. / 14:57

Прв потврден случај на смрт кај куче заразено со Ковид-19

Прв потврден случај на смрт кај куче заразено со Ковид-19

Германскиот овчар, Бади, првото куче кај кое во САД беше, потврден корона вирусот, умрело од болеста.

Како што објави „Национална географија“, 7-годишниот Бади ја префатил болеста и почнал да се мачи при дишење кон средината на април.

Кучето живеело со своите сопственици во куќа на Стејтетн Ајленд (Њујорк), а неговиот случај беше објавен во јуни националната лабораторија на ветеринарниот сервис на министерството за земјоделство.

Според медицинскорто досие на Бади, кучето боледувало и од лимфома (тип на рака) што би можело да влијае на влошувањето на здравствената состојба откако се разболело од Ковид-19.