За прв пат од јануари до сега, Кина бележи ден без смртни случаи од коронавирус.
Во последните 24 часа, во земјата има регистрирано само 32 нови случаи на Ковид-19, а сите случаи се луѓе кои доаѓаат од странство. Забележани се 30 асимптоматски случаи.
Во Кина сепак остануваат на сила рестриктвините мерки поради зголемувањето на бројот на заразени што не покажуваат симптоми.
До крајот на неделата беа пријавени 74 вакви нови асимптоматски случаи, објави во понеделникот Националната здравствена комисија.
Станува збор за кинески државјани кои претежно се враќаат од Европа и САД, а некои од нив се заразени иако немаат видливи симптоми на болеста, но можат да го пренесат вирусот.
Вкупно, во Кина има речиси 740 заразени лица под медицински надзор, кај кои нема симптими на вирусот.
Планирано беше на жителите на Вухан да им се даде дозвола за патување на 8 април, прв пат откако градот беше затворен во јануари, но поради претпазливосот овој рок ќе биде продолжен.