Свет 02. мај 2018. / 13:20

Протести во Ерменија, граѓаните ги блокираа улиците во главниот град

Протести во Ерменија, граѓаните ги блокираа улиците во главниот град

Десетици илјади граѓани на Ереван, ги блокираа улиците во главниот град во Ерменија, откако водачот на опозицијата, Никол Пашињан, повика на граѓанска непослушност.

Демонстрантите ги блокираа повеќето главни улици во Ереван, патиштата на влезот во градот и главниот пат кон аеродромот. Агенцијата АФП известува дека многу продавници се затворени.

За потсетување, националното собрание на Ерменија во вторникот одржа посебна седница за назначување на премиер, а единствен кандидат беше лидерот на опозицијата, Никол Пашињан.

Меѓутоа, Пашињан не беше избран, бидејќи за него гласаа 45 од 105 пратеници, осум помалку од потребните 53, поради што тој најави генерален штрајк за среда. Пашињан ги повика своите поддржувачи да ги блокираат улиците, аеродромите и сè останато и побара полицијата да се приклучи на протестите. Покрај тоа, додаде дека протестите ќе се претворат во целосна граѓанска непослушност.

Според ерменскиот устав, во случај пратениците да не избираат премиер на првото заседание на парламентот, новата седница се закажува за седум дена. Доколку премиер не биде избран и во вториот обид, парламентот се распушта и поранешниот долгогодишен претседател на земјата, Серж Саргсјан, поднесе оставки на 23-ти април.