Полицијата во Детроит пронашла посмртни останки од 11 детски тела на таванот од едно погребно претпријатие, пренесе Си-ен-ен.
Телата биле во просториите на поранешното погребно претпријатие Cantrell Funeral Home во Детроит, во сојузната американска држава Мичиген, а во петокот биле пронајдени од страна на градежни работници, кои работеле на пренамена на просторот во социјален центар.
Тие веднаш повикале полиција која дошла на местото на настанот и пронашла девет тела во состојба на распаѓање кои биле во картонска кутија и уште две во сандаци. Посмртните останки биле оставени на таван во распаѓање.
Полицијата потоа извршила претрес во целата зграда, но не пронашла други лешеви.