Активистката и членка на „Фемен“, Ина Шевченко, ја потврди веста дека Оксана си го одзела животот.
Според извештаите на социјалните медиуми, Шачко почина во понеделникот во својот стан во Париз, а зад себе оставила порака напишана на англиски јазик, која гласи: „Сите вие глумите“.
Според извештаите на руските медиуми, Оксана во последните две години двапати се обидела да си го одземе животот.
Таа беше членка на феминистичкото движење „Фемен“, основано во Украина пред 10-ина години, чии членки предупредуваа на неправилностите во работата на институциите и на корумпираните политичари.
Нивната главна цел е целосна победа на патријархатот, а заштитен знак на протестите им беа голите тела или гради. За да укажат на проблемите, тие најчесто користат екстремно сексуализирани перформанси.
Движењето е основано во Украина, но е регистрирано во Франција во 2012 година. Шачко беше една од трите основачки.