Свет 28. февруари 2021. / 16:18

Пронајдена марихуана во возило на брза помош во Италија

Пронајдена марихуана во возило на брза помош во Италија

Полицајците на пристаништето Месина, на Сицилија, заплениле 30 килограми марихуана која двајца курири се обидела да ја прошверцуваат во возило на итната помош.

Полицајците на влезот на траектот, кој ги поврзува Сицилија и Калбрија, одлучиле да го прегледаат возилото на брзата помош затоа што кучињата кои се користат во операциите пртив дрога биле вознемирени токму во близина на тоа возило.

По детален претрес ја пронашле дрогата, 50 пакети со 30 килограми дрога, а двајцата курири се уапсени.

Според првичните информации, криумчарите верувале дека дрогата ќе ја префрлат без проблем сметајќи на вонредната ситуација поради коронавирусот и дека полицајците, под претпоставка дека во возилото може да има заразено лице, нема да го контролираат.

Според проценката на полицијата, вредноста на запленетата дрога на пазаерот е околу 300.000 евра.