Свет 12. декември 2020. / 20:09

Пронајдена бомба покрај Дунав, дел од Будимпешта утре се затвора

Пронајдена бомба покрај Дунав, дел од Будимпешта утре се затвора

Унгарија утре вечер ќе го затвори јужниот дел на Будимпешта, за да неутрализира неексплодирана американска бомба од Втората светска војна.

Бомбата е пронајдена за време на градежни работи.

Според информациите, бомбата е тешка 1.000 килограми, а откриена е вчера покрај реката Дунав, рекол портпаролот на војската.

Полицијата ќе затвори делови на 9, 11 и 21-от округ утре во 18.30 часот. Затворањето ќе влијае на мостот Ракочи, неколку улици, како и дел од самата река.