Авионот на фудбалерот Емилијано Сала, беше пронајден во морето во близина на англиското крајбрежје, пренесуваат британските медиуми.
Засега сеуште не се соопштуваат детали.
Инаку авионот „Пајпер Малибу“ исчезна на 22 јануари на пат од Нант кон Кардиф, каде што требаше да настапува аргентинскиот фудбалер, по што почна потрага по нив, но првата потрага не даде резултати, по што беше прекината.
Веднаш потоа семејството собра 300.000 евра за да почне своја приватна истрага, при која ангажираше експерти за потонати бродови, по што беше пронајден авионот со кој леташе Сала.
Пилотот Дејвид Иботсон и Аргентинецот уште се исчезнати, па властите најверојатно ќе ги прогласат за мртви.