Речиси сите линии за производство на автомобили во Кина се вратија на производството по „затворањето“ кое беше насочено кон спречување на ширењето на корона вирусот, се вели во истражувањето наведено од кинеската асоцијација на производители на автомобили (CAAM).
Анкетата на 204 бази за производство на автомобили покажува дека 86 проценти од вработените се вратиле на работа, додека стапката на продолжување на производството достигнала 99,5 проценти, соопшти во петокот здружението.
Сепак, кинескиот пазар на автомобили, кој беше погоден од пандемијата, бидејќи побарувачката беше речиси никаква, се бори да ја врати продажбата во нормала по продолжените заклучувања и ограничувања.
Продажбата на најголемиот светски пазар на автомобили опадна за 43,3 проценти во март во однос на истиот период во 2019 година.
Во меѓувреме, американскиот производител на автомобили „Тесла“ забележа рекордна продажба во земјата во текот на истиот месец, откри неодамна Асоцијацијата на автомобили.